Малта успеа да вакцинира 70% од возрасната популација со најмалку една доза вакцина за коронавирус, пренесува Ројтерс.

Таа земја на тој начин стана првата земја членка на Европската унија што постигна колективен имунитет против Ковид 19.

Земјата, која се состои од неколку мали медитерански острови, имаше просечно по три нови случаи на вирус секој ден во текот на изминатата недела, со 0,2 проценти позитивни тестови.

На Малта се дава една вакцина на секои пет секунди, рече министерот за здравство во Владата на Малта, Крис Ферн.

Тој рече дека 42 проценти од возрасната популација на Малта примиле две дози вакцина против вирусот корона.

Како што се наведува, сите жители на Малта кои се постари од 16 години можат да се вакцинираат во моментот.

Ферн рече дека и децата на возраст од 12 години и повеќе ќе бидат вакцинирани кога органите на ЕУ задолжени за здравството даваат зелено светло за тој чекор.