Не е важно само што јадете за вечера, туку и колку време пред да отидете во кревет јадете.
Се препорачува вашиот последен оброк да е најдоцна во 19 часот или 3 часа пред да одите на спиење.
Исто така треба да внимавате што јадете за вечера.
Ви предлагаме совршена вечера – пица двопек, а еве како да си подготвите.
Потребни состојки:
- 1 леб
- Томато сос
- Кашкавал или сирење
- Печурки
- Маслинки
- 1 јајце
- 1 павлака
- Маслиново масло
- Зачини по избор
Подготовка:
Исечете го лебот на тенки кришки. Кришките ставете ги на тостер и запечете ги.
Премачкајте со томато сос.
Изрендајте кашлавал, додадете печурки и маслинки. Полијте со смеса од јајце, павлака, маслиново масло и зачини.
Запечете во рерна на 200 степени, 15тина минути.
Послужете со свеж зеленчук – краставички или домат.