Група истражувачи од Федералното политехничко училиште во Лозана откриле супстанца присутна во млекото, што го штити организмот од дебелина и покрај многу калоричната исхрана, пренесоа француските медиуми.
Тоа е супстанца присутна во млекото што може да се спореди со ресвератрол присутна во црвено вино, а позната е по позитивното влијание врз здравјето на луѓето.
Студија објавена во списанието Cell Metabolism откри дека глувците кои консумираат поголеми количини на никотинамид рибозид (состојка на млеко) согоруваат повеќе калории заштитувајќи ги своите тела од дебелина, и покрај диетата богата со маснотии.
Истражувачите исто така забележале дека овие глувци трчаат побрзо и дека овој начин на јадење ја поттикнува нивната издржливост и мускулна сила.
Експертите, сепак, предупредуваат дека треба да се има предвид дека никотинамид рибозид присутен во млекото може да има поинаков ефект врз луѓето, затоа треба да се направат уште неколку анализи на оваа состојка.