Исхраната е многу важен дел од човечкиот живот и како што се вели во една поговорка: „Здравјето влегува на уста“.

Затоа од исклучително значење е да внимавате што конзумирате.

Доколку сакате да го прочистите вашиот организам од вишок токсини кои се таложеле поради неправилна исхрана во блиско минато ви предлагаме детокс мени за цел ден:

Појадок:

Појадокот е задолжителен и можеби најважен дел од исхраната во текот на еден ден.

Појадокот не треба да му зададе тешки задачи на вашиот систем за варење и од таа причина треба да е исклучително лесен и умерен.

Во исто време треба да се осигурате дека состојките кои ги земате ќе го нахранат вашето тело и ќе ви ја дадат потребната енергија.

Појадокот може да го замените со смути кое е вистинска енергетска бомба за вашиот организам и е комбинација од овошје и зелечнук.

Предлог за смути: 

  • 1/2 банана
  • сок од 2 портокали и 2 лимони
  • 3-4 ливчиња беби спанаќ
  • 1/2 морков
  • микс од црвено овошје
  • 1 круша или јаболко

Ова комбинација ќе го ојача вашиот имунитет, ќе го прочисти вашето тело, ќе ги нахрани црвените крвни зрнца и ќе се држи сити поголдо време.

Ручек:

За ручек единствено што треба да се осигурате е дека внесувате доволно масти, протеини и јагле-хидрати.

Но внимавајте кој е изворот на мастите, протеините и јагле-хидратите и во која колична ги внесувате овие состојки.

Идеална комбинација за ручек:

  • 1/2 авокадо
  • 2 пржени јајца на око
  • варен ориз
  • 1 вид на зеленчук
  • 1 чаша јогурт

Авокадото е чист извор на масти, јајцата на око се одличен протеин, оризот е здрав извор на јагле-хидрати, зеленчукот ќе ве снабди со витамини и минерали, а јогуртот е пробиотик кој ќе ја обнови вашата цревна флора и ќе го подобри метаболизмот.

Вечера:

Вечерата не треба да се прескокнува, но треба да внимавате што јадете за вечера.

Најдобро е вечерата да се зема најмалку 2 часа пред спиењето и во неа да нема месни производи кои го опретеруваат варењето и може да предизвикаат несоница.

За вечера ви препорачуваме супа со зеленчук:

  • 1 изрендан морков
  • 3-4 парчиња смрзната брокула
  • 5-6 ливчиња беби спанаќ
  • неколку зрна грашок
  • маслиново масло
  • бибер

Со супата може да јадете и едно парче леб, но потребно е лебот да го јадете откако ќе ја изедете супата.

Обично луѓето имаат зголемена потреба за шеќер кога заоѓа сонце, особено ако треба да се одржат будни уште некое време, затоа внесувајте јагле-хидрати, но откако ќе конзумирате други намирници.

Тоа е важно поради правилниот процес на разложување на јагле-хидратите и регулирање на нивото на инсулин во крвта.

Исто така важно е да внимавате што конзумирате, се препорачува вода или газирана вода, избегнувајте засладени пијалоци, но ако сте голем љубител обидете се да се ограничите на 1 чаша засладен пијалок (сок).

Кафето исто така конзумирајте го по барем 30 минути по појадокот или 15 минути по ручекот. Кафе пред јадење никако не е добар избор за вас.

Имајте доволно физичка активност и внимавајте на вашето ментално здравје!

Наздравје денот!