Ако сакате да се ослободите од пијалокот со кофеин, може да очекувате непријатност во следните неколку дена, по што проблемите ќе исчезнат сами по себе.
Кофеинот е моќен стимуланс, тој брзо стигнува до мозокот и ги блокира рецепторите за аденозин кои се одговорни за заспивање.
Затоа после утринска шолја кафе чувствувате наплив на енергија и имате чувство дека полесно е да се концентрирате.
Ова ви помага подобро да извршувате одредени задачи, за кои е потребно зголемено внимание.
Но, кофеинот има и негативни појави. Меѓу другото, тоа е чувство што ве обзема кога ќе ја прескокнете „вообичаената доза“.
– Ако редовно пиете кафе, однапред очекувате зголемена активност на мозокот по утринската чаша. Кога не го пиете, имате впечаток дека сте „смачкани“ и без енергија.
Покрај тоа, кофеинот може да предизвика зависност, затоа што кога не го добиете она на што сте навикнале, се чувствувате уморни и нервозни.
Може да се „навикнете“ на кафето за само три дена редовно консумирање – рече Мери Лорин од Универзитетот во Охајо.
Симптомите се посилни ако сте пиеле огромни количини кафе и одеднаш престанале да го правите тоа.
Но, тие се јавуваат и кај оние кои пиеле само една шолја кафе во текот на денот.
Минималната количина кофеин е доволна за главоболката целосно да исчезне, па доколку сакате да престанете да пиете кафе, имајте на ум дека само една „голтка“ првично може да го олесни непријатното чувство.