Министерството за труд и социјална политика соопшти дека 13 мај, четврток, Рамазан бајрам, првиот ден на Рамазан бајрам, е неработен ден за сите граѓани.
По триесетдневниот рамазански пост, следува тридневен рамазански бајрам, кој се смета за голем празник во исламот.
Почетокот на рамазан секоја година се поместува за 10 дена наназад, односно во престапните години за 11 дена, во однос на претходната година, поради разликата помеѓу исламскиот и грегоријанскиот календар.