Неколку шолји кафе на ден можат да помогнат во спречување на запушените артерии, што е еден од главните фактори за срцеви заболувања.
Истражувањето спроведено од корејски научници опфатило 25.000 испитаници, кои биле подложени на рутински здравствени прегледи на нивните работни места.
Луѓето кои пиеле умерено количество кафе, од три до пет шолји на ден, во зависност од видот на кафето, имале помали шанси да покажат знаци на срцеви заболувања за време на прегледот, пренесува Би-Би-Си.
Целиот тек на истражување и заклучоци беа објавени во списанието Heart, и тие започнаа дискусија за ефектите што ги има кафето врз здравјето на срцевиот мускул.
Контрадикторните заклучоци на многу истражувања се движат од фактот дека кафето предизвикува висок холестерол и крвен притисок – до фактот дека еден од омилените пијалоци ја зајакнува и ја забрзува работата на срцевиот мускул и е добар за крвотокот.
За време на истражувањето, корејските научници го скенираа срцето, следејќи ја состојбата на коронарните артерии и можните наслаги на калциум во нив, што е еден од првите знаци на срцеви заболувања.
Најчестите проблеми со срцето се предизвикани од акумулација на маснотии на sидовите на коронарните артерии, што доведува до блокада и прекинување на протокот на крв.
И покрај фактот дека никој немаl знаци на срцеви заболувања во истражувањето, депозитите на калциум беа пронајдени на секоја десетина.
Резултатите од оние кои не користеле и оние кои конзумирале кафе биле споредени, а факторите поврзани со пушењето, вежбањето, движењето и семејната историја на болеста биле вклучени во сè.
Откриено е дека луѓето кои пијат неколку шолји кафе на ден имаат помалку депозити на калциум во коронарните артерии од оние кои не консумираат кафе.