За време на велигденските празници доаѓа до мешање на храната, презаситување, внесување на алкохолни пијалоци и шеќери кои го токсифицираат нашиот организам.
Заменете еден оброк со смути направено од следниве состојки и целосно ќе го исчистите и потхраните организмот:
- 1 киви или 1 портокал
- неколку јагоди, малини или капинки
- морков
- јаболко
- спанаќ
Кивито или портокалот содржат големи дози на витамин Ц во себе, кој витамин е познат антиоксиданс. Улогата на кивито или на портокалот ќе биде да го прочисти целосно вашиот организам од наталожените токсини и да даде сладок вкус на смутито.
Црвеното овошје, пак, содржи големи дози на железо, што во комбинација со витамин Ц од другите состојки ве потхранува и овозможува поголем проток на кислород во крвта поради што ќе се чувствувате посвежи и полни со елан.
Морковот изобилува со витамин А, кој докажано помага во превенција на сериозни болести од канцерогена природа. Згорта на тоа и го подобрува вашиот вид.
Јаболкото има голема хранлива вредност и ќе ве одржи подолго време сити. Јаболкото е тоа што ќе ве нахрани и овозможи да го замените оброкот со смути.
Што се однесува до спанаќот или другите зелени растенија, тие содржат доста железо и хлорофил во себе. Имаат антиоксидаторно и антифламаторно дејство и докажано го јакнат имунитетот.
Следниот оброк по кивито може да ви биде авокадо, јајце и леб од ориз, или варен ориз.
Таа комбинација ќе ги задоволи вашите дневни потреби од протеин, јаглехидрат и масти кои се здрави за вашето тело.