Јајцата се неизбежен дел од велигденската традиција. Во пресрет на Велигден, јајцата се обоени и украсени.
Но, дали некогаш сте се запрашале зошто јајцето е симбол на најголемиот христијански празник?
Целата приказна всушност може да се сведе на – нов живот и верување дека Исус започнал вечен живот со воскресението.
Имено, јајцата отсекогаш симболизирале нов живот, раѓање, плодност, изобилство и пролет, а античките Египќани, Персијци, Грци и Римјани си дале едни на други јајца како симбол на новиот живот кој пристигнува по зимата.
Оваа симболика на повторното раѓање совршено се вклопува во празникот на кој христијаните го слават воскресението на Исус, односно новиот живот.
Патем, секоја боја за јајца има некакво значење, па црвената ја симболизира крвта Христова, сината вистина, зелената плодност …