На денешната прес-конференција, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски истакна дека според извештајот на „Греко“, забележан е раст на довербата помеѓу македонските граѓани во институциите, особено довербата кон полицијата.
Според министерот Спасовски тоа се индикатори дека министерството за внатрешни работи и полицијата ја вршат професионално својата работа.
Како една од најважните дострели на полицијата, ја истакна борбата против криминалот, особено апсењето на како што го нарече „криминалецот“ Сашо Мијалков.
Во отчетот пред Собранието, министерот ја потенцираше и успешната работа на одделот за криминалистички истраги благодарение на чија работа се направени многу акции, е откриен криминал, намалени се кражбите и сл.