Пита од солени палачинки и месо ќе ги освои вашите симпатии уште на првиот залак.
Уште повеќе ќе ви се допадне бидејќи брзо се подготвува, лесна е за јадење и не го оптоварува вашиот дигестивен систем.
Потребни состојки:
Питата од солени палачинки се состои од фил и тесто.
Потребни состојки за тесто:
- 2 јајца
- 200 мл млеко или газирана вода
- 350 грама брашно
- сол по вкус
Подготовка на тесто:
Скршете ги јајцата во длабок сад и изматете со миксер се додека не добијат пенаста глазура.
Во подготвената глазура додадете млеко и брашно и изматете се додека не добиете компактна смеса.
На загреано тавче ставајте подебела смеса за палачинки и печете се додека не добиете готова палачинка.
Потребни состојки за сосот:
- 250 мл томато сос
- 200 грама мешано мелено месо
- 1 кромид
- зачини по избор.
Начин на подготовка:
Во загреана тава со маслиново масло додадете го претходно исецканиот кромид и пржете додека не добиете златна боја.
Откако ќе го подготвите кромидот, во истата смеса додадете го мешаното мелено месо и зачините.
Динстајте со малку вода се додека месото не се зготви убаво.
Во приготвената смеса на крај додадете го доматното пире и мешајте на оган додека смесата не се соедини.
Подготовка на питата:
Редете една по една палачинка во заграден кружен сад, а измеѓу нив редете го сосот со месо и томато сос.
Откако ќе ја наредите питата оставете ја малку да се излади.
Потоа сечете како татлија и сервирајте со павлака.
Наздравје!