Бројни студии покажуваат дека кафето не може трајно да му наштети на здравјето на нашето тело.
Меѓутоа, во секој случај, алтернатива на овој утрински пијалок можат да бидат здравите пијалоци кои имаат исти и уште подобри ефекти во однос на она што ни го обезбедува кофеинот од кафето.
Зелениот чај е одлична замена за шолја црно кафе, по кое многумина посегаат веднаш по будењето, бидејќи им одговара кофеинот, но не е единствениот пијалок кој успешно го менува кафето…
Алтернативната медицина ќе им даде предност на течностите кои природно ќе делуваат на органскиот систем за варење и чистење на токсините од телото.
Ви препорачуваме три пијалоци со кои можете да го замените утринското кафе.
Чаша млака вода со лимон
Сè повеќе луѓе стануваат свесни за придобивките од овој природен пијалок, кој многу брзо делува на дигестивниот систем, а освен тоа придонесува за здравјето на организмот на многу други начини.
Благодарение на лимонот, овој пијалок е богат со витамин Ц, кој е одличен за зајакнување на имунитетот.
Покрај тоа, делува како антиоксиданс, помага при чистење на кожата и губење на вишок килограми, а исто така придонесува за посвеж здив.
Рецептот е многу едноставен – истурете млака вода во чаша, додадете еден исцеден лимон, промешајте и пијте.
Маслиново масло и пијалок од лимон
Измешајте лажица маслиново масло со лажица лимон и пијте. Ќе ги видите промените во вашиот изглед, нивото на енергија и целокупната состојба на организмот.
Црниот дроб е орган од големо значење за нашето тело бидејќи освен што ја прочистува крвта и ги елиминира токсините, тој помага и во зајакнување на организмот.
Значи, слободно можеме да кажеме дека здравиот црн дроб е еден од предусловите за здравје, виталност, енергија и убав изглед.
За да може црниот дроб да биде здрав, потребно е да се работи на негово прочистување, а овој коктел ќе ви помогне во тоа. Измешајте лажица маслиново масло со лажица лимон и пијте.
Зелен чај
Зелениот чај е одлична замена за шолја црно кафе, до кое многумина посегаат веднаш по будењето, бидејќи кофеинот им одговара.
Сепак, кофеинот се наоѓа и во зелениот чај, но содржи и голем број состојки кои имаат ефективни здравствени ефекти.
Зелениот чај е моќен антиоксиданс, го зајакнува срцето и крвниот систем, го забрзува метаболизмот, го регулира нивото на шеќер во крвта и има низа други придобивки.
Рецептот е едноставен, ставете лажичка зелен чај во чаша вода со температура од околу 70 степени и оставете да стои една до три минути.
Пијте без шеќер.