Брзиот колач со банани е вистинско освежување за вашите сетила. Има пребогат вкус и ги активира рецепторите за слатко и кисело.
Се подготвува за половина час, а потребни ви се мал број на состојки кои се лесно достапни и се приуштиви.
Состојки:
- 4-5 банани
- 1 пакетче плазма или млечни бисквити
- 1 кисела павлака
- 3 пудинга од ванила
- 2 црни чоколади за готвење
- 1 бело чоколадо за готвење
- 250 грама маргарин за готвење
- 200 грама шеќер
- 1 литар млеко
- 1 слатка павлака или шлаг пена
Подготовка:
Во длабок сад ставете ги трите кесички со пудинг, додадете го шеќерот и 200 грама млеко. Промешајте со миксер додека не се растопат сите грутчиња.
Остатокот од млекото ставете го на оган додека не зоврие. Во истиот сад додадете ја претходно подготвената смеса.
Мешајте додека не се згусне смесата и добие изглед на пудинг.
Откако ќе ја направите смесата од пудинг додадете го маргаринот за готвење и мешајте додека не се соедини.
Потоа додадете ја киселата павлака и мешајте додека сместана не стане компактна.
Откако смесата малку ќе се олади поделете ја на два еднакви дела, во едниот дел додадете ја белата чоколада за готвење, а во вториот дел додадете ги двете црни чоколади за готвење.
На послужовник наредете ја плазмата со тоа што секое поединечно парче ќе го потопите во малку млеко.
Врз наредената плазма истурете ја половината од филот во кој претходно ја ставивте белата чоколада.
Наредете уште еден слој на плазма.
Бананите исечкајте ги на прстени и наредете ги врз слојот од плазма.
Остатокот од филот помешан со црното чоколадо додадете го врз слојот од банани.
Изматете ја слатката павлака или шлаг пената додека не се добие готова смеса.
Премачкајте врз слојот со филот од црно чоколадо.
На крај декорирајте со чоколадни трошки.
Оставете ја смесата да стои во фрижидер околу 3-4 часа.
По тоа исечкајте го колачот на коцки и подгответе го за послужување.
Уживајте во нашиот денешен рецепт!