Луѓето можеби ќе треба да носат маски за лице и да практикуваат социјално растојание уште неколку години се додека не се вратиме целосно во нормала, предвидуваат британските епидемиолози, како што објави Би-Би-Си.
Мери Рамзи, раководител на имунизација за јавно здравје во Англија, рече дека основните мерки можат да бидат во сила сè додека другите земји успешно не ја спроведат вакцинацијата.
Таа исто така рече дека големите настани со голема публика бараат внимателно следење и јасни упатства за безбедност.
Секретарот за одбрана Бен Валас не исклучи ниту продолжување на забраната за патување.
Тој рече дека резервациите за одмор во странство во оваа фаза ќе бидат предвремени и потенцијално ризични, што може да има негативно влијание врз туристичка пред-сезона.
Овие најави доаѓаат и покрај поставувањето на уште еден рекорд во вакцинацијата во Велика Британија.
Во саботата, дури 844.285 илјади луѓе примиле вакцина против коронавирус.