Актерката Даниела Штајнфелд моментално е во Белград, каде се појави пред неколку дена во Вишото обвинителство во Белград, каде, како што дознаваат медиумите, го открила идентитетот на сексуален напаѓач.
Актерката Даниела Штајнфелд му откри на Вишото јавно обвинителство дека актерот, опозициски политичар, поранешен министер и член на Демократската партија, Бранислав Лечиќ, е мистериозен моќен човек од филмската индустрија кој ја силувал.
Тимот „Ало” контактирал со Бранислав кој изјавил:
– Без доказ дека таа навистина го рече тоа, не сакам да коментирам – рече тој за порталот „Ало“.