Тортата се приготвува брзо, лесно, со мал број на намирници, добивате вистинско задоволство за сетилата.
Состојки:
- 100 грама брашно
- 1 прашок за пециво
- 1 ванилин шеќер
- 5 јајца
- 150 грама шеќер
- 2 кесички пудинг од ванила
- 2 кесички шлаг
- 250 грама маргарин
- 250 мл. млеко
Подготовка
Во два различни сада оделете ги белките од жолчките. Во садот каде што се ставаат беликите додадете 75 грама шеќер и 50 грама густин и измешајте со миксер додека не се добие пена.
Во вториот сад со жолтките додадете 75 грама шеќер и 1 кесичка ванилин шеќер и матете со миксер додека не добиете соединета смеса.
Потоа смесата од белките додадете ја во сместа од жолтки и мешајте со миксер.
Додадете една кесичка прашок за пециво и 100 грама брашно. Промешајте со миксер додека не се соедини смесата.
Во тркалезен сад за печење додадете малку маслиново масло на хартијата за печење и печете ја смесата на 180 степени, 20 минути.
Откако ќе го извадите патишпајнот, поделете го на два дела.
Фил:
Во еден сад измешајте 250 грама маргарин и 150 грама шеќер.
Во другиот сад истурете го подготвениот пудинг од ванила.
Откако ќе се излади смесата со пудинг соединете ја со маргаринот и шеќерот.
Додадете ореви или суво грозје (по желба).
Декорација:
Декорирајте со шлаг пена, топено бело чоколадо и чоколадни снегулки.