Доколку уживате во трчањето, погледнете ги грешките што ги правиме во оваа неблагодарна работа.
Научните истражувања на американски научници покажаа дека луѓето кои трчаат само пет до десет минути секој ден можат значително да го намалат ризикот од срцеви заболувања и предвремена смрт.
Авторите на студијата не забележале поголема разлика помеѓу оние кои трчаат малку (50 минути неделно) или многу (180 минути неделно), или брзи или бавни (помалку од 10 километри на час). Тоа може да ги мотивира луѓето кои не трчаат да станат поактивни, имајќи предвид дека времето е една од пречките што луѓето кои не трчаат ја истакнуваат како проблем, смета Дак-Чул Ли, доцент по кинезиологија на Државниот универзитет во Ајова.
Општо земено, тркачите имаат 30% помал ризик од предвремена смрт и 45% помал ризик од смрт од срцеви заболувања отколку неактивните луѓе.
Животниот век на тркачите е во просек три години подолг од оној на лице кое не трча, резултатите од студијата наведуваат понатаму. Истражувањето е спроведено во Тексас, меѓу повеќе од 55 000 возрасни лица со просечна возраст од 44 години, кои ги следеле експерти дури 15 години.
Истражувачите од Соединетите Држави заклучиле дека петминутното трчање е добро за здравјето како петнаесетминутното пешачење.