Во Србија од утре ќе биде затворено сè, освен продавници за храна, аптеки и бензински пумпи за полнење гориво, како што беше случај минатиот викенд.
Оваа мерка ќе важи во текот на работните денови, почнувајќи од среда, и за време на викендот пред нас.
Државните институции продолжуваат да работат, а останатите ќе одат преку Интернет. Поштата и банките ќе работат нормално, како и досега.
Пониските одделенија на основните училишта од понеделник ќе се префрлат на часови преку Интернет.
Премиерката Ана Брнабиќ им се обрати на граѓаните со зборовите дека мерките важат пет дена, а дали ќе бидат продолжени зависи само од нас и од бројот на заразени лица.