Од утре средношколците во Србија ќе имаат настава само на Интернет, со услов да следат некои нови мерки во вторник, по анализата за викендот.
–Ако нема напредок, во вторник ќе побараме да се почитува апсолутно сè што бараме, а тоа се построги мерки. Имавме многу тешка сесија, мораше да влеземе во сериозни разговори, за луѓето да разберат дека ситуацијата е сериозни. Болниците во Белград или се полни или се наполнети, мора да размислиме што понатаму секој носи одговорност за ваквата состојба, вели епидемиологот Тодоровиќ.
Професорот посочува и на нов феномен, а тоа е дека младите кои добиваат симптоми не одат на тестирање, но доколку имаат поблага клиничка слика, не се обидуваат да одат на лекар, ниту остануваат во самоизолација, што е многу опасно.
–Сега имаме опасен феномен, а тоа е дека помладите не сакаат да бидат тестирани, затоа што зад тој позитивен наод треба да одат во самоизолација, ако е поблага форма, така поминува, но во исто време тие го шират вирусот. Според структурата на оние кои умираат, две третини од починатите се постари од 65 години, тука имаме полни болници со млади луѓе и тие се заразени од оние кои не ги почитуваат мерките, објаснува тој.
Ако продолжи вака, посочува тој, ќе бараат многу строги мерки „затоа што мора да го запрат пренесувањето на оваа болест.