На скопскиот аеродром денеска ќе стигне првата пратка на вакцини од Русија.
Станува збор за реализирање на барањето за испорачка на „Спутник V“ кој неодамна владата го достави до Русија.
Забележително е дека Русите испорачаа прва пратка на вакцини во Македонија во најкус рок мерено од времето на доставеното барање до пристигнувањето на вакцините.
Експедитивноста на доставата на руските вакцини, ги прави привлечни за многу европски земји кои се одлучија за набавка на „Спутник V“.
Руската вакцина против коронавирусот се уште не е одобрена од СЗО ниту е регистрирана од Европска агенција за храна и лекови.
Од таа причина ЕУ нагласи дека државите членки кои ќе порачаат вакцини од Кина или Русија сами ќе сносат одговорност за нус појавите од нивната употреба.
Пратката за вакцини на скопскиот аеродром ќе ја пречека министерот за здравство Венко Филипче и рускиот амбасадор во Македонија – Сергеј Баздникин.