Дали некои вакцини се поефикасни од другите? Што покажаа досегашните студии?
Марија Гњатовиќ, соработник за истражување во белградскиот Институт за примена на нуклеарна енергија (ИНЕП) за српските медиуми вели дека првата доза на вакцина „Фајзер“ е многу ефикасна, но антителата не се единствената мерка за ефикасност.
Што се однесува до нив, сите вакцини се покажаа многу добро. Вакцината „Фајзер“ со првата доза произведува антитела најбрзо, но „Спутник В“ и кинеските вакцини исто така имаат добри резултати.
-Кинеските реагираат малку подоцна, но тоа не треба да ги загрижува луѓето, вели д-р Марија Гњатовиќ.
Оние кои биле вакцинирани со кинеската вакцина, треба да проверат за антитела од две недели па натака по примањето на втората доза. Производителите препорачаа дека нивната вакцина ќе работи до две години.
– Врз основа на вредностите на антителата што се произведуваат, верувам дека е така, затоа што вредностите на антителата се создаваат слични на оние кога некој е заразен и има сериозна клиничка слика, а таквата заштита трае подолго од една година – истакнува Гњатовиќ.
Во следните неколку месеци работите ќе бидат појасни, бидејќи вакцинираните лица ќе бидат следени, па истражувачите ќе можат да добијат повеќе одговори и поцелосни податоци за склоноста на антителата да се намалуваат со различни вакцини.
Во моментов, за кинеската вакцина „Синофарм“ има најмалку информации, бидејќи таа започна да се применува малку подоцна, но генерално, сите вакцини имаат многу добри резултати кога станува збор за производство на антитела.
Што се однесува до руската вакцина „Спутник V“, антителата се произведуваат нешто подоцна отколку со вакцината „Фајзер“ и таа делува многу добро кај луѓе кои имале коронавирус и веќе имаат некои антитела.
Што се однесува до вакцината „АстраЗнека“, Гњатовиќ вели дека се очекуваат многу слични ефекти како кај „Спутник V“, бидејќи се работи за ист вид вакцина.