Руската нутриционистка Наталија Денисова предупреди на штетните ефекти на флашираната вода, што може да доведе до ослободување на токсични честички.
Купената вода може да биде многу штетна и опасна, а експертите сметаат дека најдобро е да ја пиеме онаа што сами ја чистиме со филтри.
–Водата што се продава во продавницата е тестирана и безбедна – рече Наталија Денисова, руски нутриционист во Федералниот истражувачки центар за исхрана и биотехнологија и додаде дека сè уште постои ризик.
–Меѓутоа, ако сончевата светлина падне директно на полицата каде што е флашираната вода во продавницата, тогаш пластиката се загрева. Ако водата е „спакувана“ во ефтина пластика, тогаш тоа станува проблем. Постои ризик дека во овој случај, штетни материи, вклучувајќи полифенолни соединенија, ќе бидат испуштени во водата. Ако постојано пиете таква вода, со текот на времето, ќе има негативни последици по вашето здравје. И ако водата е газирана, ризикот е поголем. Во тој случај, сончевата светлина дополнително го зголемува ризикот од ослободување на штетни материи од пластика во водата – заклучи д-р Наталија.