Јавната прашина која се крена околу впишувањето на етничката припадност во личните карти на граѓаните на Македонија ја искоментира и премиерот.
Според неговата изјава, Северна Македонија е мултиетничка држава и личните документи треба да го одразуваат мултиетничкиот карактер на државата.
Тој посочи дека заедно со амбасадорите од земјите членки на ЕУ и делегацијата ќе се обиде да најде решение за обележување на мултиетничкиот карактер на граѓаните во Северна Македонија.
Додека Заев убедува дека одлуката е донесена заради исполнување на правата на етничките заедници во Македонија да ја истакнат својата етничка припадност во личните документи, голем дел од јавноста во ова одлука гледаат проблем.
Опозициските партии обвинуваат дека ова е обид македонската нација да се сведе на етникум, а македонската држава да се сведе на повеќе етнички групи наместо на македонската нација како конститутивна единица на државата.