Двата вида на коронавирус ги споија своите геноми во многу мутирана хибридна верзија на вирусот.
Откриен е случај на „рекомбинација“ во примерок од вирусот во Калифорнија, а неговото откритие предупредува дека можеби ќе можеме да влеземе во нова фаза на пандемијата.
Според New Scientist, новиот хибриден вирус е резултат на рекомбинација на многу пренослива варијанта откриена во Велика Британија и вид откриен во Калифорнија, за кој се претпоставува дека е одговорен за неодамнешниот голем бран на инфекции во Лос Анџелес.
Тоа е варијанта Б.1.429 на вирусот корона, која е отпорна на постојните антитела на оние кои веќе ја преживеале короната.
Заедно со Британците, Јужноафриканците и Бразилците, калифорнискиот сој е уште една мутација која кружи веќе некое време.
–Сè уште има помал број на лица заразени со калифорнискиот вид, но се чини дека оваа варијанта е позаразна од оригиналната, што не значи дека е потешка форма на клиничката слика. Она што досега го знаеме за британскиот вид, влева надеж дека повеќето вакцини обезбедуваат заштита од нови видови, така што се надеваме дека ќе биде исто и во случајот со варијантата што се појави во Калифорнија – рече д-р Јасмин Пламер од медицинскиот центар „Кедарс-Синај“ во Лос Анџелес.