Ракот на дојка го надмина ракот на белите дробови како најчеста форма на рак во светот, објави Светската здравствена организација (СЗО) во вторникот.
-Ракот на дојка сега е најчестиот карцином во светот за прв пат, рече Андре Илбави, специјалист за карцином во СЗО, на брифингот на ООН пред Светскиот ден на ракот во четврток
Над два милиони случаи
–Ракот на белите дробови е најчестата форма на рак во последните две децении, но сега е на второ место, зад ракот на дојка и пред ракот на дебелото црево, рече Илбави.
–Се проценува дека минатата година биле дијагностицирани 2,3 милиони нови случаи на рак на дојка, што е 11,7 проценти од сите случаи на рак во светот, соопшти СЗО.
–Кај жените, ракот на дојка е најчесто дијагностициран карцином и водечка причина за смрт од рак во светот, се додава.
Илбави истакна дека дебелината кај жените го зголемува ризикот од рак на дојка, но исто така и за вкупниот број на случаи на рак.
Со растот на глобалното население и зголемувањето на очекуваното траење на животот, се очекува ракот да стане почест и да се зголеми на околу 30 милиони нови случаи до 2040 година, во споредба со 19,3 милиони во 2020 година, додаде Илбави.
Короната се меша во заздравување
СЗО предупреди дека една третина од смртните случаи од рак се резултат на пушење, висок индекс на телесна маса, недоволно внесување на овошје и зеленчук, недостаток на физичка активност и пиење алкохол.
Пандемијата на коронавируси го нарушува лекувањето на рак во околу половина од земјите опфатени со студијата, рече Илбави, посочувајќи на одложените дијагнози, здравствените работници под екстремен стрес и влијанието на коронавирусот врз истражувањето на ракот.