Исмаил Кадаре е албански писател кој ужива голема меѓународна репутација. Тој ја започнува својата литературна кариера како поет во 1950-тите години.
Во шеесетите, тој ја пренасочува својата креативна енергија кон прозата и многу скоро станува нејзин неоспорен мајстор и најпопуларен албански писател.
Во 1992, е награден со Prix mondial Cino Del Duca, а во 2005 ја освојува првата награда на Man Booker International и неколкупати бил номиниран за Нобеловата награда.
Неговите дела се преведени на 50 светски јазици. Член е на француската академија, како и на уште неколку други значајни светски институции и асоцијации.
Досега има објавено десетина книги поезија, раскази и романи и есеи, од кои најпознато дело му е романот Генералот на мртвата војска. Денес живее во Париз.
Исмаил Кадре помеѓу читателските и критичките кругови се препознава како еден од најистакнатите автори на постмодернизмот во книжевноста.