Сигурно сте се разбудиле утро груби, нерасположени и сте дале впечаток дека не сте заспале. Тогаш честопати велиме дека сме станале на лево стапало.
Но, не станува збор за тоа на која нога стануваме, туку на која страна од креветот спиеме.
Студија на британското здружение за спиење – Сили, покажа дека десната страна од креветот е главниот „виновник“ зошто стануваме уморни.
Имено, луѓето кои спијат на таа страна од душекот се песимисти, уморни и често доцнат на работа. Ако спиете сами во кревет, експертите препорачуваат земање на левата страна од душекот.
–Ние советуваме да ја смениме страната во креветот, што не е лесно за паровите кои спијат заедно – вели Нил Робинсон, еден од експертите на споменатото здружение.
Луѓето обично земаат едната страна од креветот и сметаат дека тоа е нивна територија, па промената им е тешка.