Македонија се уште нема набавено вакцини против коронавирус за разлика од соседството каде што веќе во тек е имунизација на населението.

Првите дози од вакцините се очекува да пристигнат во месец февруари и тоа преку КОВАКС системот на СЗО и директно од произведувачот „Фајзер“.

Покрај овие два начини, министерот за здравство Венко Филипче откри дека се разгледува можноста и за набавка на кинеските вакцини од произведувачот „СиноФарм“ и „СиноВакс“.

Од земјите од соседството единствено Србија набави вакцини од Кина и тоа од произведувачот „СиноФарм“ а со таа вакцина беше најавено дека ќе се вакцинира српскиот претседател Александар Вучиќ и српскиот министер за здравство.