42-годишна жена дошла во ургентниот центар во болницата во Загреб со симптоми кои очигледно укажувале на акутно воспаление на панкреасот.

Ова беа болки во стомакот и болка во горниот дел на стомакот што се ширеле под десното ребро до грбот, гадење и повраќање, но без треска.

Лекарите и препишале терапија за третман на акутно воспаление на панкреасот, а состојбата почнала да се подобрува првите два дена, а болката исчезнува.

Сепак, шокот повторно дошол на третиот ден. Се врати силната убодна болка во горниот дел на стомакот и овој пат било јасно, виновникот не е панкреасот туку – каки овошје или јапонско јаболко.

Жената која имала болки е веганка, а последните шест години јадела само сирова храна. Ендоскопскиот преглед на пациентката покажал голем фитобезоар кој го зафаќал речиси целиот лумен на желудникот, а потоа беше утврдена интестинална опструкција.

Безоар е слој од несварливи влакна, кои жената ги јадела во поголеми количини. Се претпоставува дека јадела од половина до килограм овошје дневно.

Виновниците за формирање на безоари можат да бидат кожи од грозје, тикви, целер, сливи и особено каки, ​​која содржи танини кои создаваат леплива маса во стомачната киселина и предизвикуваат формирање на несварлив слој. Пациентката е опериранана и добро се опоравува.