Во 2026 година македонските граѓани ќе имаат дури седум продолжени викенди, благодарение на распоредот на неработните денови.
Од вкупно 11 празници кои се неработни за сите граѓани, седум паѓаат во петок или понеделник, или пак се во недела и согласно Законот се префрлаат како неработни во понеделник.
Првиот продолжен викенд е за Рамазан Бајрам, кој во 2026 година се празнува на 20 март, петок. Следи продолжен викенд во април за Велигден, кога понеделник 13 април е неработен за сите граѓани, додека петок 10 април е неработен за граѓаните од православна вероисповед.
Продолжен викенд има и за 1 Мај – Денот на трудот, кој паѓа во петок, како и за 24 Мај – Денот на сесловенските просветители. Иако празникот е во недела, неработен ден ќе биде понеделник 25 мај.
Граѓаните ќе имаат продолжен одмор и за 2 Август – Денот на Републиката, кој е во недела, па неработен ден ќе биде понеделник 3 август. Истото важи и за 11 Октомври – Денот на народното востание, кога неработен ден е понеделник 12 октомври. Уште еден продолжен викенд носи и 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, кој е во петок.
Православните граѓани ќе имаат дополнителни три продолжени викенди, бидејќи неработни денови за нив се и 19 јануари, 29 мај и 28 август – сите во петок.
Останатите неработни денови, како 1 јануари, 7 јануари, 8 септември и 8 декември, паѓаат во работна недела и не се поврзуваат со викендот.


















