дома прашуваме други став 19 години од неправдата кај Карпалак, загинати 10 припадници на АРМ надвор...

19 години од неправдата кај Карпалак, загинати 10 припадници на АРМ надвор од зоните за воени дејства

48
0

На само 5 дена пред склучување на т.н „Охридски Рамковен мировен договор“ се случи ужасна трагедија кај месноста Карпалак во близина на Тетовско.

На денешен ден пред 19 години конвојот со 13 транспортери, 15 тенкови, 30-тина камиони, потешко пешадиско оружје: топчиња, хаубици и два автобуса со резервисти одел кон Тетово, Еребино, за да изврши смена на силите и да однесе дополнителна опрема за војската којашто била сместена во Тетовско. Со минофрлачи, тромблони, зољи и автомати беше пукано од клисурата Карпалак, кога беше погоден еден камион кој се запали. Беше запалено и едно цивилно возило, а куршумите од автоматското оружје завршија и во автобусите со кои се транспортирале војниците, но возачот успеал да го оддалечи возилото од местото на заседата.

При тој напад загинаа 8 војници и двајца офицери, сите резервисти, најмладиот од нив имал само 20 години:

  • Нане Наумоски († 48) ─ од Прилеп
  • Сашо Китаноски († 39) ─ од Прилеп
  • Бранко Секулоски († 42) ─ од Прилеп
  • Горан Миноски († 29) ─ од Прилеп
  • Марко Деспотоски († 27) ─ од прилепско Новоселани
  • Ердован Шабаноски († 20) ─ од Прилеп
  • Љубе Грујоски († 31) ─ од прилепско Пашино Рувци
  • Дарко Велјаноски († 27) ─ од прилепско Ропотово
  • Веби Рушитоски († 26) ─ од Прилеп
  • Пеце Секулоски († 29) ─ од прилепско Бело Поле

Мистерија околу настанот:

Масакарот во кој загинаа најголем број на војници во историјата на воениот конфликт во 2001 година е обвиен во вел на мистерија. Охридскиот рамковен договор, донесе Албанци во Собрание, институции, квоти, но никогаш не даде одговор против кого АРМ во тоа време војуваше?

Некои тврдат дека тоа се терористички групи, други дека се борци за човекови права, важно е да се знае дека за да се изборите за правата и слободите морало на надгробна плоча да бидат испишани токму имињата на овие 10 луѓе, од кои најладиот имал само 20 години живот. Пораката која ја испраќаат сите што се трудат ова борба да ја претстават како „борба за права и слободи“ во суштина стимулираат психологија на орда, во која владее сила, а не правда и во која сите треба да почнеме да убиваме за да издејствуваме правда.

Скоро две децении од настанот никој не даде одговор кој беше втората страна во воениот конфликт, ако првата беше официјална армија на држава која има свој суверенитет? Од каде таа „група на борци за правда“ има толку оружје? Како може изреволтирана група од „обични идеалисти со силен осет за правда“ да се снабди со толкав арсенал на оружје и да дава отпор на цела една армија за да на крај миротворењето да се реши во нивна корист? Кој ќе одговара за тоа што токму цивилно возило кое регуларно се наоѓало на пат кој е надвор од зона за воени дејстивија е погодено и оштетено?

Веројатно се чека 20 години време да го спласне жарот со кој се поставуваат овие прашања или ќе се очекува да ги игнорираме настаните од минатото затоа што е важна иднината и перспективата евроатланска?

Кога сме веќе кај НАТО и чукањето на некои политички партии во гради, за тоа дека НАТО е нашиот најголем успех од осамостојувањето до денеска, во времето кога генералот Панде Петровски му се јавил на амбасадорот на НАТО, како би реагирал господинот Ајф за проширувањето на Диверзантско терористички групи, надвор од договореното, Ајф му одговорил на Петровски кратко со:„Не секирајте се, тоа е мала медиумска пропаганда“.

Да, да, амбасадорот на НАТО имал намера да ве убеди дека 10те загинати припадници на АРМ се убиени со куршумите на „медиумската пропаганда“.

Да потсетиме дека токму еден час пред да се случи масакарот кај Карпалак, во службените документи на АРМ е заведено дека воен авион на КФОР има прелетано над местото каде се случил настанот, а два од нив избегале накај Ново Село и Скопје во моментот кога се случил настанот и не учествувале во сузбивање на военото дејство во кое како што е познато има жртви само од страна на АРМ.

По масакрот кај Карпалак


Во заштитниот средишен бедем на автопатот има поставено метална табла која потсетува на овој настан. Во чест на паданатите жртви, во Прилеп со одлука на локалните власти се преименувани неколку улици кои ги носат имињата на загинатите. Во дворот на касарната Мирче Ацев е подигнато спомен обележје пред кое секоја година се оддава почит на жртвите.

После толку години ниту еден државен орган не се обиде да направи истрага, за да утврди што точно се случи со сомнителното загинување на бранителите кај Карпалак.

Менување на тези и реторика

Ако сега се обидете да ги поставите сите прашања кои се мистериозни околу Карпалак или другите масакри од 2001 година, сите ќе се обвинат дека подгревате меѓуетнички конфликти.

Неправдата за настанот ќе остане забележана само во историјата, бидејќи ниту една државна надлежна институција не покренува истрага за настанот, Меѓународниот суд за воени злосторства во Хаг од конфликтот во 2001 година ги процесираше само Тарчуловски и Љубе Бошковски, Законот за амнестија изгласан од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои беа на власт во 2011 година целосно ја затвора можноста некој од припадниците на вооружените припадници на ОНА (УЧК) да одговара за смрта на 10те припадници на АРМ убиени кај Карпалак и така правдата е успана.

СЛАВА ИМ НА НЕПРАВЕДНО ЗАГИНАТИТЕ !!!

Извор: Википедиа

Магдалена Стојмановиќ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде