Чешката влада одлучи од утре да воведе седумдневен полициски час во земјата, од 21 до 5 часот наутро, и дополнително да ја ограничи работата на продавниците за малопродажба.

Полицискиот час ќе биде во сила од 28 октомври до 3 ноември, од 21 до 5 часот наутро – рече министерот за здравство Роман Примула по состанокот на владата, наведувајќи дека во исклучоците спаѓаат службени патувања и неопходни семејни посети.