Лето е специфичен период од годината и сите имаат различни впечатоци кога е во прашање лето. Некои уживаат во летните високи температури бидејќи можат да се разладуваат на некоја плажа и покрај вода. За друг, пак, летните температури се вистински кошмар.

Една од најпребаруваните теми е токму храна и пијалоци во летни периоди. Многу луѓе се прашуваат што треба да се конзумира во текот на летото како би можеле да останеме здрави, витални и полни со енергија.

Еве неколко општи совети како за вашта исхрана:

  1. Во лето се пие повеќе вода одошто во другите периоди од годината

Многу луѓе се разладуваат со разни видови на течности вклучувајќи разни сокови, енергетски пијалоци и алкохол и со тоа сметаат дека постапуваат согласно препораките и советите. Сепак не сите течности имаат позитивно влијание врз нашата благосостојба.

Важно е да се пие вода, а да се избегнуваат други типови на пијалоци кои содржат шеќер или алкохол. Шеќерот бара повеќе варење и водата се троши токму во варење на овој нутритиент, додека алкохолот ја исфрла водата од вашиот организам.

Причина за често дехидрирање и колабирање во летните периоди не се само летните температури, туку и недоволен внес на вода на сметка на други пијалови.

2. Во лето се пијат топли напитоци

Во нашите секојдневни навики, во летно време не конзумираме течна топла храна, или топли напитоци како што е чајот на пример бидејќи сметаме дека тоа ќе ни го загрее телото уште повеќе.

Вистината е дека не само што топол напиток и оброк не е штетен, туку во летни периоди е нужен. Топол чај троши помалку енергија да се свари и од него да се искористи водената содржина отколку ладен напиток кој целосно ја троши вашата енергија од организмот за прво да се загрее до температура на тело, а потоа и да се вари.

Супите, пак се идеални за надополнување на електролитите кои поради почесто потење се изврлаат масовно од организмот.

3. Храната треба да содржи повеќе вода

Овошје, зеленчук, чорби и супи треба да ви бидат основни намирници во лето. Заменете ги вашите чинии со месо и готвена храна, повеќе со храна која не е термички обработена или чорби кои се повеќе на база на вода. Со тоа ќе го надокнадите количеството на вода што му е потребно на организмот, што се исфрла преку потење и често уринирање.