Еден од показателите за слабеење на корона вирусот е и бројот на лица кој по заболувањето се хоспитализираат.

Министерот за здравтство Венко Филипче на својот фејсбук профил објави „добра вест“ посочувајќи дека процентот на хоспитализирани во Македонија се намалува.

Иако е голем бројот на активни случаи што според здравствените работници се должи на непочитувањето на мерките за здравствена заштита, сепа се намалува бројот на хоспитализирани.

Дури за 2% во спредба со претходните месеци е намален процентот на хоспитализирани лица од вкупен број на активни случаи.

Овој показател значи дека корона вирусот значително ослабнува и дека помали се штетите кои ги предизвикува на организмот во оваа фаза од неговата мутација.

Image may contain: text