Задолжителниот карантин за патниците што влегуваат во Унгарија е скратен од 14 на 10 дена, изјави Роберт Киш, член на кризниот штаб за борба против коронавирусот.

Тој на онлајн прес-конференција рече дека без оглед на карантинот, странските граѓани исто така мора да покажат дозвола за влез во земјата, пренесува МТИ.

Ова одлука се должи на новите истражувања кои покажуваат дека просечно време на траење на опасност од пренесување е 10 дена.

Се поголем број на држави воведуваат задолжение за карантин во времетраење од 10 дена, за разлика од претходно кога тој период изнесуваше 14 дена.

Извор: Нова Македонија