дома животен стил Сакате да имате енергија во текот на целиот ден, еве кои утрински...

Сакате да имате енергија во текот на целиот ден, еве кои утрински навики треба да ги смените:

788
0

За голем број од луѓето, утрата се исклучително тешки, особено ако времето за спиење им било кусо или ако во принцип не се утрински типови.

Сепак од нашите утрински навики зависи и какво ќе ни биде расположението, енергијата и ефикасноста во текот на целиот ден.

Постои една народна изрека: „Си станал на лева нога“ што значи дека некој се разбудил во лошо расположение и таков останува во текот на целиот ден.

Во продолжение неколку совети како да си го подобрите расположението откако ќе го напуштите креветот и ќе ја зголемите ефикасноста во текот на денот:

-Прво напијте се вода, па изберете ја храната што ќе ви даде свежина, обезбедете си време само за себе и направете мали гимнастички вежби.

Вода

Пред да се напиете кафе, потребно е да се напиете најмалку двојно повеќе количина вода во сооднос со количината на кафе што ја внесувате.

Со однос на тоа дека во текот на спиењето не конзумираме вода, а таа се троши за сите витални процеси, можно е да дехидрираме доколку згора на се внесеме и деуретик во организамот.

Затоа осигурајте се дека сте хидрирани доволно пред да го испиете утринското кафе.

Избор на храна

Наместо тешка храна, посета на млечен ресторан, или пржена храна која има многу калории и бара време да биде сварена во организмот, изберете овошје или зеленчук.

Тие можеби нема да ви ја смират „гладта“ за долго време но ќе ви ја дадат целата свежина која ви е потребна да го истуркате денот.

Половина час време за себе

Кога ќе станете од кревет не е добро веднаш да наидете на туѓо присуство. Најдобро е барем половина час по будењето да си дадете време за себе.

Да го поминете во тишина, да слушате класична музика, да си ги сосредочите мислите со шоља кафе, да се разубавите, да прочитате весник и сл.

Мали гимнастички вежби

Утрата не се погодни за исцрпувачки тренинзи, но гимнастичките вежби за стимулација на крвоток низ целото тело се препорачуваат.

Одвојте 10-15 минути во опуштање на вашите вратни музкули, мускули на рацете и нозете, стомачни и грбни мускули со едноставни вежби.