дома информација вест Светското внимание свртено кон здравствената состојба на Трамп – Лекарскиот тим нема...

Светското внимание свртено кон здравствената состојба на Трамп – Лекарскиот тим нема добри вести

713
0

Тим лекари од Белата куќа денеска одржаа прес-конференција за да известат за здравствената состојба на американскиот претседател Доналд Трамп. Велат дека денеска е подобар, но досега на двапати имал пад на нивото на кислород.

– Како што е случај со сите болести, и кај Трамп има подеми и падови. Сепак, состојбата се подобрува и покрај падовите – рече докторот на Трамп, Шон Конли.

Друг член на тимот посочи дека Трамп не се жали на респираторни проблеми.

– Тој прими нова доза на Ремдесивир, без несакани ефекти. Трамп ја прими и првата доза на Дексаметазон вчера – рекоа лекарите.