Сонцето е најголемиот, природен и бесплатен извор на енергија. За неговото суштинско значење за природата и човечката заедница сведочат мноштво симболи, обреди и митови во кои се споменува токму сонцето.
Древните народи организирале обреди во чест на сонцето, а во многу преданија токму сонцето е симбол за тотем и форма со која се поврзува религиската свест.
Придобивките од сонцето за човечкото здравје се броијни, а изложеноста на сонце ги детерминира и состојбата на умот, телото, комуникацијата со другите луѓе и со природата.
Еве неколку придобивки од сонцето по човечкото здравје:
- Луѓето кои се повеќе изложени на сонце повеќе се смеат
Доколку прошетате низ улиците на некој град од Медитеранот ќе забележите дека луѓето се попргави, повесели и насмеани. Од друга страна ако прошетате низ улиците на Лондон ќе забележите дека луѓето изгледаат поладно, поотмено и ретко се смеат освен ако не треба да покажат учтивост или перформанс (што е културна, а не природна страна на смеењето).
Се верува дека недостатокот на сончеви денови во северните предели значително влијае врз карактерот и расположението на луѓето.
Сончевите зраци се природен извор на витамин Д, кој пак е заслужен за доброто расположение кај луѓето. Поголеми дози на витамин Д секогаш имаа позитивен ефект врз доброто расположение на луѓето.
- Луѓето кои се изложени на сонце имаат поздрава кожа
Сончевите зраци предизвикуваат подобар изглед на кожата, но важно е да се напомене дека понекогаш УВ и инфрацрвените зраци може да бидат и деформирачки за кожата доколку директно и предолго се изложуваме на нив.
Сонцето помага во менување на пигментација на кожата, подобрување на нејзиниот тен, но и подобрување на флората на кожата.
Сончевата топлина предизвикува умерено потење, кое пак ги вади на површина бактериите од кожата и ја поттикнуваат природната влажност што ја прави кожата поеластична и поотпорна на оштетувања.
- Сонцето го намалува стресот
Сонцето има удел во регулирање на крвниот притисок. Обично луѓето кои се изложени на сонце имаат понизок крвен притисок, па затоа на лето не се пие ракија, не се јаде лук и слични состојки кои се сметаат за природни регулатори на крвиот притисок.
Изложеноста на сончева топлина ги активира природните вентилаторни процеси на кожата кои служат да ја оладат кожата и заштитат од прегрејување.
Тоа придонесува организмот да се измори побргу, но и клетките да се рашират на топлина и да се опуштат. Поради тоа, сите релаксирачки третмани се одвиваат на база на топлина како на пример: џакузи, сауна, топла бања и сл.
Сончевата топлина има удел во намалување на стресот и згрченоста кај луѓето.