Пандемијата предизвикана со КОВИД19 придонесе да се смени начинот на живот на луѓето, нивни навики, нивната интеракција, комуникација и други аспекти од нивното дејствување.

Поради радикалните промени, се појавуваат низа ментални промени кои може да се третираат како нарушувања. Помеѓу нарушувањата најчесто се споменува: анксиозност и депресија.

Како најчести причини за психичките промени и нарушувања се наведуваат недоволната физичка активност, премногу слободно време, промена во навиките поврзани со исхраната, промена во однос со луѓето и страв од информациите поврзани со корона вирус.

Сепак како еден од најзначајните причини за појава на ментални нарушување се и мерките за социјална дистанца. Тие предвидуваат отсуство на допири помеѓу луѓето, ја намалуваат близината, вообичаените поздрави со гушкање и сл.

Недостатокот на допири предизвикува:

  • Намалено лачење на хормони на среќа и задоволство

При гушкање и допир со друг човек во нашите жлезди лачат хормони на задоволство и среќа, најмногу се лачи ендорфин. Отсуството на допири, го намалува лачењето на ендорфин поради што искусуваме помалку задоволство и среќа во текот на денот

  • Намалена блискост предизвикува страв

Луѓето се најсилни кога се обединети, кога човек е сам и осамен може да се чувствува повеќе уплашен од инаку. Биолошки човекот е предодреден на живее и опстојува во заедница. Редукцијата на контакти и допири предизвикува пораст на страв кај луѓето.

  • Намалена природна лубрикација на кожата

При допир на кожата со друга човечка кожа доаѓа до размена на бактерии (не сите се негативни и деструктивни). Кожата лачи повеќе лубрикација со цел справување со бактериите од надвор. Недостатокот на допири ја менува лубрикацијата на кожата и нејзината текстура, Кожата станува посува и повеќе подложна на општетувања на нејзината епидермична површина.