Проф. Д-р Владислав Вукомановиќ им објасни на домашните медиуми кога родителите треба да се грижат и да го одведат детето на лекар!

Во моментот, ниту едно дете во Институтот за мајка и дете „Д-р Вукан Чупиќ“ во Белград нема докажана инфекција со корона вирус. Досега имало осум, но ниту еден од нив немал тешка клиничка слика, односно значително влошување на основната болест предизвикана од присуството на вирусот, вели проф. Д-р Владислав Вукомановиќ, педијатриски кардиолог и в.д. заменик директор на оваа здравствена установа.

Покрај симптомите кои се најчести кај возрасните, како треска, кашлица, останување без здив, децата може да имаат и гастроинтестинални проблеми како што се повраќање и дијареја

– вели проф. Д-р Владислав Вукомановиќ, заменик директор на Институтот за мајка и дете „Д-р Вукан Чупиќ“ .Тој потсетува дека Институтот како терцијарна установа, назначен за прием на само најтешките пациенти со инфекција „Ковид 19“, на кои им е потребна механичка вентилација поддршка и интензивна нега.

„Другите деца со присуство на вирусот се упатени во детското одделение во КБЦ д-р Драгиша Мисовиќ. Досега, на Институтот се лекувале деца на возраст од една до 18 години. Имено, биле примени неколку новороденчиња, на кои им била потребна некаква форма на интензивна нега и терапии, но тие наскоро биле пуштени дома, односно биле испратени и на лекување во детското одделение во Клиничката болница „Драгиша Мишовиќ“ “, вели соговорникот.

Според него, децата со докажана инфекција со вирусот САРС-КоВ-2, генерално имале поблага форма на болеста, освен во неколку случаи кога станува збор за пациенти кои претходно биле болни од инфекција „Ковид-19“.

Од појавата на вирусот имаше различни тврдења околу неговите последици што ги предизвикува врз здравјето на децата. Долго време се веруваше дека децата се поотпорни на вирусот за разлика од ворасните.

Сепак праксата покажа дека и децата често заболуваат од КОВИД19 и тоа со поинакви симптоми од возрасните. Кај децата симптомите се поблаги и се манифестираат како кашлица , суво грло или симптоми на лесна настинка. Сепак доколку постои друго хронично заболување, децата се исто толку ставени на ризик како и возрасните од смртоносниот корона вирус.

Извор: mama.glamur.mk