Бомбардирањето е извршено за поддршка на редовните авганистански безбедносни сили кои беа нападнати од Талибанците во провинцијата Хелманд на југот на земјата, соопшти американската армија.

Претставникот на американската армија во Авганистан, полковник Сони Легет, изјави дека востаничките напади не се во согласност со договорот потпишан меѓу Талибанците и Соединетите држави и оцени дека тие ги загрозуваат тековните преговори што конфликтните страни ги водат во Катар, објави Ројтерс.

Талибанците мора веднаш да ги запрат офанзивните акции во провинцијата Хелманд и да го намалат насилството што го вршат низ целата земја, рече полковник Легет, цитирајќи ги зборовите на генералот Скот Милер, командант на американските сили во Авганистан.

Легет посочи дека САД ќе продолжат да ги поддржуваат редовните авганистански сили за време на сите талибански напади.

Во исто време, претставници на владата во Кабул и Талибанците преговараат во Катар за крај на внатрешните конфликти во Авганистан.

Извор: B92