дома животен стил Кога (не)треба да дадете втора шанса некому

Кога (не)треба да дадете втора шанса некому

764
0

Човечки е да се греши и човечки е да се простува. Секој во животот заслужува втора шанса, но не по секоја цена.

На некои луѓе не е доволно да им дадете и милион шанси, бидејќи колку повеќе шанси давате, тие толку побрзо ги коцкаат.

Дали треба да дадете втора шанса во животот зависи од многу фактори, а еве неколку совети како да препознаете дали вреди некој да добие втора шанса:

Why You Should Stop Regretting Bad Decisions | by Robin Noe | The Startup |  Medium

Сериозност на дело

Може да се простат многу работи, но не може да се прости апсолутно се. Тежината на нечие дело повлекува и отворена или затворена можност да се помине покрај тоа.

На пример може да се прости доколку некој не ви дошол на роденден иако неговото присуство ви значело, но потешко е да се прости доколку некој ве понижи, нападне, удри или има намера да ви нанесе зло со својата постапка.

Улога на личноста во вашиот живот

Ако некој ви е многу важен во животот тогаш имате повеќе причини да му простите. Добрите спомени кои ве врзуваат заедно едноставно вредат некому да му дадете нова прилика да добие свое место во вашиот живот и меѓу вашиот круг на блиски луѓе.

Принципи

Сите имаме принципи, но постојат повеќе и помалку принципиелни луѓе. Ако некому му е принцип да не простува навреди, вербално или физичко насилство, што и да направите после прекршокот едноставно нема да помогне, вие веќе засекогаш го имате изгубено местото во сегашноста или иднината на принципиелниот човек.

Степен на покајание

Дали да се прости или не зависи и од степенот на покајание. Ако увидите дека личноста бара прошка, искрено се кае и извлекла заклучок од грешката која ја сторила кон вас, човечки е да дадете втора шанса.

Но доколку некој ви се извинува само номинално и важно му е да добие шанса само за да може побрзо да ја повтори истата грешка, тогаш време е да ги пресечете сите контакти со таква личност и да го зачувате своето достоинство, здравје и животна благосостојба.

Подобро да се спречи отколку да се лечи

Простувањето е благороден и возвишен чин, но тоа никогаш нема да ве „спаси“ од трајно менување на перцепцијата кон некого. Затоа е подобро да внимавате на своите постапки да не мора воопшто да дојде до простување, а секој е доволно свесен да знае што може да го повреди другиот. Ако не знае, тогаш е доволно да се повикаме на христијанската поука: Не прави му го на другиот она што не би сакал да ти го прават тебе!

Магдалена Стојмановиќ