дома информација вест Женска солидарност или политичка симпатија? – Фатиме Фетаи ја ослободи Рангелова од...

Женска солидарност или политичка симпатија? – Фатиме Фетаи ја ослободи Рангелова од обвинение за „Насилство во центар“

983
0

По три ипол години судења, обвинителката Фатиме Фетаи го повлече обвинението против поранешната пратеничка Даниела Рангелова, но и против Борче Богдановски и Милан Андоновски, кои се гонеа како извршители во случајот „Насилство во центар“.

Со ова, тројцата се ослободени во овој предмет.

Сега, во предметот остануваат обвинети Миле Јанакиески, Никола Груевски кој е амнестиран од експретседателот на државата, Ѓорѓе Иванов и уште неколкумина кои се товарат дека го извршиле насилството пред општината.

Фетаи пред судот го читаше прочистениот текст од обвинението, заедно со пцостите, за кои, тврди дека ги кажале дел од обвинетите на протестот пред Општина Центар во 2013 година.

Извор: Нова Македонија