Граничниот премин „Богородица“ кај Гевгелија од денеска е официјално отворен за транзит на странци, но тие не може да поминат поради блокадата на грчката граница.

Отворањето на граничниот премин е во согласност со Протоколот за непречен транзит на странски државјани донесен на завчерашната седница на владата.

Сепак, најава за целосно отворање на границите и за македонските граѓани сеуште нема, а не е ниту на повидок со однос на голем број на нови регистирани заболени со КОВИД19.

Грција најави дека од денеска ги отвора границите за српските државјани, но српската влада одлучи српските граѓани да не патуваат во Грција на летување барем не до 1ви Јули.

Извор: mia.mk