Поранешниот член на УЧК, Зијадин Хоџа доби покана од Специјалниот суд во Хаг, објави вечерва претседателот на организацијата на воените ветерани на УЧК, Хисни Гуцати.

Хоџа ја сподели ова вест на социјалните мрежи и напиша дека е само еден во низата на „борци за правда“ кои биле повикани во Хаг.

Тој изрази убедување дека судскиот процес ќе се заврши на тој начин што тој ќе излезе невин.

Зијадин Хоџа е втор припадник на УЧК кој ќе влезе на судска клупа во Хаг, сепак косовските медиуми пишуваат дека не е познато дали тој е повикан во својство на обвинет или сведок.

Извор: Канал5