дома информација вест СЗО „дига раце“ од пандемијата – контрола врз ширењето е одамна изгубена

СЗО „дига раце“ од пандемијата – контрола врз ширењето е одамна изгубена

556
0

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, изјави дека светот не успеал да соработува во борбата против пандемијата на КОВИД-19.

Како што рече, корона вирусот во моментот е закана број еден во светот.

Пред Генералното собрание на ОН, Гутереш неуспехот на меѓународната заедница го препиша на недостатокот од глобална подготвеност, соработка и солидарност, пренесува „Асошиетед прес“.

Генералниот секретар на ОН посочи дека повеќе од 30 милиони луѓе досега се заразиле од коронавирус во светот и дека речиси милион пациенти им подлегнале на последиците од болеста.

Воедно, предупреди дека вирусот сè уште не е ставен под контрола.

Извор: Нова Македонија

претходниот член,Работата од дома им помогна на нордиските економии да не влезат во рецесија
Следната статијаВременска прогноза

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде