дома информација вест Русија во понапредна фаза на тестирање на вакцината против КОВИД19

Русија во понапредна фаза на тестирање на вакцината против КОВИД19

712
0

Руските стручњаци кои во изминатиот период работеа на создавање на вакцина против КОВИД19 своето откритие го носат кон завршни фази.

Имено, следува ново испитување и тестирање на вакцината кое доколку даде резултати вакцината ќе се умножува и ќе биде широко застапена.

Русите први пријавија вакцина против КОВИД19 иако светот очекуваше дека британската истражувачка фела прва ќе дојде до новото оружје против КОВИД19.

Сепак, СЗО изрази сомнеж во квалитетот на вакцината која се создава во руските лаборатории и повика да не се користи од страна на други земји.

Руските научници, пак, уверуваат во квалитетот на вакцината возвраќајќи дека СЗО е политички инструментализирана организација.

Извор: Нова Македонија