Современ робот ќе може да ги замени лекарите во основните функции, како што е мерење на температурата и објаснување на потенцијалните опасности од корона вирус.
Здравствениот робот по име Аму ќе работи во детската клиника во Виена, а неговата функција ќе биде да ја измери температурата на децата, да ги објасни сите сомнежи за вирусот корона и да објасни зошто е важно да одржуваат дистанца.
Овие нови роботи се високи околу 120 сантиметри, работат според принципот на 5G технологија и се опремени со неколку микрофони и инфрацрвени фотоапарати, отворен оперативен систем и бројни други функции.
Првото програмирање е прилагодено на потребите на детската клиника, а во иднина ќе биде можно да се програмираат и други функции за помош.
Извор: Novosti.rs