Кога биле направени првите насади на цвеќе во урбана јавна средина во Македонија?!

1478

Во 1958 година за прв пат биле насадени цвеќиња во урбана средина во Скопје.

Садниците со природно цвеќе биле вистинска атракција за скопјани, а освен за разубавување на просторот тие биле користени и за правење на букети.

Цвеќињата биле садени и одгледувани од градската комунална служба.

Денеска цветните насади и разубавување на јавните урбани простори е дел од работа на комуналните претпријатија, а општините често издвојуваат средства за проекти поврзани со хортикултура.