ПЦС објави дека 200 вработени се прогласени за технолошки вишок, а се планираат и намалувања на пензиите.
Вработените во британската кралска куќа протестираа во вторникот поради планираното намалување на бројот на вработени пред една од главните живеалишта на британската кралица Елизабета Втора – пред замокот Виндзор, соопшти нивниот синдикат.

Синдикатот ПЦС сподели на Твитер фотографии од вработени кои протестираа против отпуштањето од работа пред главниот влез на замокот.
ПЦС објави дека 200 вработени се вишок, а се планираат намалувања на пензиите.

Вработените одржаа тивок протест со отсечената фигура на кралот Хенри VIII.„Кралот Хенри обезглави … сега тие сакаат да ни ги отсечат работните места и пензиите“, пишуваше на транспарентот.

Вработените со пониски плати во три кралски резиденции – замоците Виндзор, Бакингем и Холирод – ги намалија исплатите на пензискиот фонд од 15 на осум проценти.

Од замокот дојде потврда дека поради последиците од пандемијата, тие биле принудени да ги намалат трошоците.

Извор : Still ;

претходниот член,Владите на Србија, Косово и САД се номинирани за Нобеловата награда за мир
Следната статијаЌе продолжат ли со работа градинките?

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде